Вести СВЕТ

Џонсон најави нови рестриктивни мерки: Што претставува правило шест?

Британскиот премиер Борис Џонсон денес објави нов пакет построги мерки со цел да се запре ширењето на коронавирусот, нагласувајќи дека владата ќе ја прошири употребата на маски и ќе го зајакне таканареченото правило шест.

Во обраќањето до парламентот, Џонсон изјавил дека сака да избалансира посилни мерки со секојдневниот живот и да ги држи продавниците отворени што е можно подолго, пишува Ројтерс.

Како што соопштил, сите правила важат за сите четири нации на Велика Британија.

Британскиот премиер изјавил дека новите мерки најверојатно ќе важат во наредните шест месеци и ги предупреди граѓаните да не бидат самоуверени, пренесува Гардијан.

„По шест месеци, многумина мислат дека се имуни на вирусот, но тој став е опасен“, рекол Џонсон.

Меѓу новите мерки е и задолжителното носење маски, кои доколку бидат прекршени, ќе бидат казнети со 200 фунти, пабовите и рестораните ќе работат до 22 часот и ќе нудат само седење на маси, а маските ќе бидат задолжителни и во такси возилата.

Исто така, Џонсон рече дека една од обврските ќе биде воведување на задолжителни заштитни мерки на работа, а се воведува правило број шест, според кое максимум 15 лица ќе можат да присуствуваат на свадби, а таа мерка ќе стапи на сила од понеделник.

Поврзани вести

Службеник во општина Будва се качи на кров и запеа (ВИДЕО)

Анкета пред изборите во Хрватска: Милановиќ и Шкоро и се приближија на Колинда

Влатко Зорба

Српската полиција ги раздвојува подржувачите на СНС и Двери

Корона и загадување, опасна комбинација: Лекарите предупредуваат дека ситуацијата е алармантна, загрозени се и здравите!

Берта Китинска

Втор случај на коронавирус во Србија

Русија и Турција потпишаа меморандум за формирање на заеднички центар за Карабах

Влатко Зорба