Вести СВЕТ

Додека Европа се отвора, азиски земји повторно воведуваат карантин: Дали на повидок е вториот бран на пандемијата?

Во Европа, олеснувањето на ограничените мерки за движење продолжи и во четвртокот, како резултат на слабеењето на пандемијата на коронавирус.

Францускиот премиер Едуард Филип најавил, благодарение на „добрите“ епидемиолошки резултати, отворање на баровите и рестораните од 2 јуни, но со ограничувања, особено во Париз.

„Слободата конечно ќе биде правило и ќе забраната исклучок“, изјавил тој.

Во исто време, остар пораст на бројот на нови случаи во Јужна Кореја и Шри Ланка предупредува на опасност од повторно појавување на пандемијата.

Болеста Ковид-19, што избувна во Кина во декември, однесе повеќе од 357.000 животи, а дијагностицира се повеќе од 5,7 милиони случаи низ целиот свет, според пресметката на „Франс Прес“, врз основа на официјални извори.

Новите случаи на заболени од четвртокот во Јужна Кореја и Шри Ланка уште еднаш предизвикаа загриженост за можен „втор бран“ на инфекција од кој стравуваат сите земји.

Во Јужна Кореја биле откриени 79 нови случаи за еден ден, што е најмногу од 5 април. Корејските власти, кои се покажаа успешни во борбата против пандемијата, веднаш ги вратија забраните што ги укинаа неодамна.

Карантинот е исто така повторно воведен во Шри Ланка, бидејќи 252 жители биле тестирани како позитивни од 460 кои се вратиле од Кувајт оваа недела.

Во Европа, каде досега вирусот уби повеќе од 175.000 луѓе, падот на бројот на смртни случаи и инфекции овозможи мерките да се олеснат побрзо.

Европската комисија во средата објавила исклучителен план за опоравување во вредност од 750 милијарди евра, најголем кои 27 земји досега го донеле. Но, неговите услови треба допрва да бидат договорени.

Први корисници ќе бидат Италија и Шпанија, две земји лошо оштетени во пандемијата.

Во Франција, премиерот опширно ја преставил втората фаза од планот за излегување од карантинот.

Од 2 јуни ќе се укине ограничувањето за движење во земјата, а баровите и рестораните што се затворени од 15 март ќе можат да работат под одредени услови, освен во областа на Париз каде ќе работат само терасите.

Музеите и културните институции се отвораат во Франција истиот ден. Носењето маска е задолжително, вклучително и во театрите и кината. Базените и спортските објекти ќе се отворат постепено, како и училишните објекти.

Бидејќи забраната за собирање повеќе од 10 лица сè уште е во сила, поголемите настани сè уште се забранети.

Поврзани вести

Столтенберг: Хибридните закани се повеќе стануваат опасност

Во Бразил во последните 24 часа регистрирани се рекордни 6.935 нови случаи на коронавирусот

Трамп: Здравиот разум налага да се повика Путин

Stefanija Kuzmanovska

Трамп: Кој уништува статуи – 10 ГОДИНИ во затвор

Stefanija Kuzmanovska

Каталонските сепаратисти се очекува да го поддржат Педро Санчез за нов мандат

Вучиќ ги распиша парламентарните избори за 26 април