Регион СВЕТ

Додик ќе му пише на Трамп: Морам да му кажам на американскиот претседател, што прават неговите функционери во БиХ

Српскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на Унијата на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, рече дека ќе му пише на американскиот претседател Доналд Трамп за „да го извести за работата на неговите официјални претставници во БиХ“.

Додик рече дека Извршниот комитет на СНСД оцениле рече дека писмото испратено од амбасадорите на ЕУ, САД и ОБСЕ до српските претставници во институциите во БиХ, претставува притисок. Тој истакна дека СНСД го смета за „несоодветно однесувањето и мешањето во внатрешните работи на земјата“, поради што ќе побара објаснување од нивниот штаб.

„Ова е заплашување. Никогаш не реагираа на овој начин кога се состанаа Бошњаците “, рече Додик.
Тој најави дека, во оваа прилика, поради мешањето на странците во внатрешната политика на БиХ ќе организира митинг во Источен Сараево, и дека потоа ќе отиде во зградата на ОХР во Сараево, пренесува РТРС.

Поврзани вести

ЕУ: Дополнителни 500 милиони евра помош за бегалците во Турција

Случај коронавирус: Вртоглаво паѓаат цените на акциите на азиските берзи

Никола Поповски

Пукал на полицијата во Сараево, па се убил со бомба (ВИДЕО)

Ердоган: Околу 400.000 луѓе од Идлиб се движат кон турската граница

Партијата на Курц и официјално убедлив победник на изборите во Австрија

Влатко Зорба

Шефот на СЗО: Коронавирусот е многу сериозна закана за светот

Никола Поповски