Вести СВЕТ

Доказ за ефикасноста на рускиот лек против коронавирусот: Потполно го блокира цитопатското дејство на заразата

Докажана е антивирусна активност на лекот „Мефлоин“ против предизвикувачкиот агенс КОВИД-19, соопшти прес-службата на Руската Федерална биомедицинска агенција.

„Се покажа дека Мефлоин целосно го блокира развојот на цитопатичкиот ефект на САРС-КоВ-2 (патоген СОВИД-19) во клеточна култура со концентрација од 2 μg / l. Оваа концентрација во плазмата се достигнува по земањето на лекот во терапевтски дози одобрени за употреба кај луѓето “, рече директорот на Агенцијата, Вероника Скварцова, се вели во соопштението.

Истражувањето било спроведено во Научно-производствениот центар „Фармацевтска заштита“ при Федералната агенција за биомедицина на Русија со учество на Централниот институт за научни истражувања на Министерството за одбрана.

Во соопштението се вели дека истражувањето ја проценило антивирусната активност на лекот.

Во Русија се пријавени скоро 12.000 случаи на инфекција со вирусот КОВИД-19, а починале 94 лица. Во многу региони во земјата се воспоставува режим на зголемена безбедност, граѓаните се советуваат да останат дома, воздушниот и железничкиот сообраќај со другите земји е во прекин.

Поврзани вести

СЗО: Jа зголемивме нашата проценка за ризикот од ширењето на Ковид-19 на многу висок на глобално ниво

Никола Поповски

Рекорден број на смртни случаи за еден ден во Франција

Нетанјаху се согласи на гласање за претседател на неговата партија Ликуд

Се јавува ново жариште на коронавирусот: Во оваа земја физичкото растојание за многу луѓе е невозможно

 Австриската Влада подготви план за евентуален втор бран на ширење на Ковид-19

Санчес: Нема да има независност, нити офлајн, ниту онлајн

user4