Регион СВЕТ

Домаќинствата во Србија на залихи потрошиле 16,6 милиони евра за помалку од три недели

Домаќинствата во Србија потрошиле речиси две милијарди динари за помалку од три недели за да купат залихи во страв од пандемијата, објави „Политика“.

Регистрирано е зголемувањето на потрошувачката од 20 проценти и најголемо учество на пазарот имаа големите синџири за трговија, додека уделот на малите продавници е намален.

Во Србија, за време на пандемијата, најмногу се купуваат брашно, шеќер и тоалетна хартија, а најголем број клиенти се претежно постари домаќинства, соопшти ГфК компанија за истражување на пазарот.

Истражувањето анализирало 32 милиона набавки помеѓу 24 февруари и 15 март.

Купувачите од Белград и Војводина потрошиле малку повеќе на залихи отколку домаќинствата во источна и јужна Србија.

Поврзани вести

Палмер: САД сакаат Србија и Косово да ги нормализираат односите

Влатко Зорба

Руските власти испраќаат два воени брода крај сирискиот брег

Масовно тестирање во Вухан: За 24 часа направени 467.847 тестови

„Корејско сценарио“: Како оваа земја полека ја запре епидемијата на коронавирус?

Добри вести од Шпанија: Трет ден по ред опаѓа бројот на починати од коронавирус

Чуден говор на Трамп: Дали е нормално филмот „Паразит“ да освои Оскар за најдобар филм?

Никола Поповски