Регион СВЕТ

Доналд Трамп доаѓа во Србија?

Специјалниот советник на претседателот на САД, Ричард Гренел, денес изјавил дека САД ќе ги исполнат ветувањата дадени на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и српскиот народ. Тој изјавил дека претседателот Доналд и Иванка Трамп сакаат да дојдат во Србија.

„Американците се нетрпелив народ, а администрацијата на Доналд Трамп е уште понестрплива и сакаме да ги исполниме ветувањата што ви ги дадовме на вас, претседателот Вучиќ и премиерката Брнабиќ. Ние не сакаме само да се занимаваме со зборови и политички симболи, туку да се фокусираме на економскиот развој”, рекол Гренел.

Гренел, кој присуствувал на потпишувањето на Заедничката изјава со која беше официјализирано отворањето на регионалната канцеларија на ДФЦ во Белград, му соопштил на српскиот народ дека може да го одржи својот збор:

„Чувајте го нашиот збор, многу ветувања беа дадени на народот на Србија во претходниот период. Чувајте го нашиот збор не само за договорот од Вашингтон, туку и за претходните три, кои се однесуваат на воспоставување авиокомпанија и железничка линија и изградба на автопат“, нагласи Гренел.

Гренел додал дека симболиката е важна, но дека не обезбедува храна на трпезата и затоа САД ќе даде се од себе да ги исполни ветувањата и да создаде работни места во Србија, јавуваат српските медиуми.

Поврзани вести

Тачи: Дијалогот со Вучиќ е неизбежен, бидејќи него го избра српскиот народ

ЦИА: Путин веројатно ги насочува руските напори за дискредитирање на Бајден

Stefanija Kuzmanovska

Почна судењето на Илон Маск, британски нуркач нарече педофил

Франција со порака за мир до муслиманскиот свет

Stefanija Kuzmanovska

Вучиќ: Ќе видиме дали ќе има предвремени парламентарни избори во 2022 година

Влатко Зорба

Папата Франциск го осуди понижувањето на жените и децата, присилени на проституција

Влатко Зорба