Вести СВЕТ

Драматично намалување на загаденоста во Кина поради коронавирусот

Драматично намалување на загадувањето е забележано на сателитските слики на Кина, што делумно е резултат на забавувањето на економијата поради Ковид-19, соопшти американската вселенска агенција НАСА.

НАСА објави мапи што покажуваат пад на нивото на азотниот диоксид.

Научниците од НАСА велат дека намалувањето на нивото на азотниот диоксид, гасот што го испуштаат моторни возила и индустриските постројки, е најизразено во близина на центарот на епидемијата – Вухан, но е видливо низ цела Кина.

Според Би-Би-Си, НАСА ги споредила податоците од првите два месеци од минатата година со истиот период оваа година.

Падот на аерозагадувањето се совпаѓа со намалениот сообраќај и деловни активности откако милиони луѓе беа ставени во карантин.

– Ова е првпат да видам така драматичен пад на загадувањето на голема површина поради една специфична причина, рече Феи Лин, истражувач во НАСА, која е експерт за квалитетот на воздухот.

Феи Лин потсети дека сличен пад на азотниот диоксид е забележан за време на економската рецесија во 2008 година, но намалувањето било постепено. Снимките се направени по рекордниот пад на активностите на кинеските фабрики, кои престанаа со работа поради ширењето на Ковид-19.

Поврзани вести

Откриен изворот на коронавирусот? Се повеќе се сомнева на супа од лилјак!

Во две големи сообраќајни незгоди, седум лица загинаа, а 32 се повредени

Maja_Serafimova

Научниците во лабораторијата во Вухан обучувани во САД и Франција

Влатко Зорба

Истражување во Англија: Околу 7% од населението било заразено со коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Озлогласен мафијаш меѓу затворениците ослободени поради коронавирусот во Турција

Прв заразен со коронавирус во Швајцарија

Влатко Зорба