Вести СВЕТ

Драматично предупредување на Фаучи: Без маски и социјална дистанца може да имаме 100.000 заразени дневно

САД одат во погрешна насока и може да ни се случи да имаме 100.000 нови случаи на инфекција со коронавирус на ден, рече во вторникот Ентони Фаучи, водечки американски експерт за заразни болести.

„Ние одиме во погрешна насока и очигледно е дека не ја контролираме ситуацијата. Јас не би се изненадил ако имаме 100.000 нови случаи на инфекција на ден”, рече Ентони Фаучи за време на сослушувањето во Сенатот на САД, објави Хина.

Фаучи рече дека е многу загрижен за ситуацијата во Флорида, Тексас, Калифорнија и Аризона, бидејќи скоро 50 отсто од новите случаи во САД потекнуваат од тие четири држави.

Рекорден број заразени

Во понеделникот имало 41.000 нови случаи на инфекција во Соединетите држави, а околу 45.000 во вторник, најголемо дневно зголемување на нови случаи од почетокот на пандемијата, пренесе Ројтерс.

Соединетите држави се најпогодената земја во светот од пандемијата на вирусот корона со 2.727.300 заразени и 130.106 мртви.

Фаучи рече дека постои загрижувачки феномен „се или ништо“, според кој државите или целосно спроведуваат строги епидемиолошки мерки, или се отвориле премногу брзо и луѓето се собрале во барови и јавни места игнорирајќи ги препораките за јавно здравје.

Тој исто така рече дека нема гаранција дека Соединетите држави ќе имаат ефикасна вакцина против КОВИД-19 до почетокот на следната година.

Поврзани вести

Командантот на КФОР: Безбедносната состојба во Косово е мирна и стабилна

Скандалозна снимка од симпатизерите на Трамп: Претседателот ги убива противниците, на Сандерс му ја пали главата (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Австријците за школски прибор ќе потрошат 71,5 милиони евра

Влатко Зорба

Баба се откажала од респиратор: Чувајте го тоа за некој помлад

Најмалку 350 повредени на протестите во Багдад

Влатко Зорба

Мерките за контрола на границите поради коронавирусот ја зголемуваат цената на наркотиците ширум светот