СВЕТ

Двајца државјани на Северна Кореја депортитани поради убиство на 16 рибари

Јужна Кореја денеска објави дека депортирала двајца државјани на Северна Кореја, бидејќи било утврдено дека убиле 16  рибари, а потоа избегале во Јужна Кореја.

Министерството за обединување на Јужна Кореја објави дека двајцата државјани на Северна Кореја биле пронајдени во брод јужно од морската граница во саботата.

Истрагата подоцна утврдила дека тие убиле 16 колеги и избегале во Јужна Кореја, се вели во соопштението на Министерството.

Портпаролот на Министерството, Ли Санг-мин изјави дека тие биле протерани од Јужна Кореја и дека Пјонгјанг претходно бил информиран.

Деталите за убиството на рибарите засега не се познати.

Поврзани вести

Во Хонг Конг повторно протести

Влатко Зорба

Трамп: „Џенерал моторс“ да почне да произведува респиратори

Stefanija Kuzmanovska

Во Херцег Нови е убиен уште еден припадник на кавачкиот клан

Никола Поповски

Растат бројот на заразени од пазарот во Пекинг: 106 нови случаи од петокот

Австралијците гневни на премиерот, со пцовки и навреди го пречекаа во областите зафатени со пожари (ВИДЕО)

САД вложува 8,3 милиони долари во борбата против коронавирусот