ЕУ СВЕТ

Две лица повредени откако се сруши мост во Италија (ВИДЕО)

Мост над реката Магра, во провинцијата Маса Карара во Италија, се срушил откако две товарни возила го преминале. Чудо е што немаше жртви во оваа несреќа, пишува Кориере дела сера.

Две лица се повредени, а во прашање се возачи на комбињата за достава. Според италијанските медиуми, едниот бил сериозно повреден додека другиот возач бил пренесен во болница поради шок.

Весникот исто така наведува дека мостот се срушил во време кога сообраќајот бил слаб поради пандемијата на коронавирус, но дека илјадници возила нормално би го преминале во нормални околности.
Несреќата се случила во 10:20 часот попладне.

Овој мост одамна е предмет на сериозна дебата околу бројните пукнатини, но експертите тврдеа дека структурата на оваа градба е целосно стабилна.

Во сличен инцидент, дпред две години во Џенова загинаа 43 лица.

Поврзани вести

Орбан: Сигурни сме дека можеме да се договориме со Ердоган

Влатко Зорба

Во Хрватска има четири новозаболени со коронавирус, вкупно 31

И Националната гарда на САД вклучена во борбата против коронавирусот

Во Русија ќе се појави првата серија на лекот кој помага кај Ковид-19

Почна кампањата Мисија 1.5 на ОН: Целта е да се приближат ставовите на граѓаните и владите во однос на сеопфатните активности против климатските промени

Никола Поповски

Кина контра САД: Научниците од лабораторијата во Вухан биле обучени во Америка и Франција