Регион СВЕТ

Две верзии од писмото на Помпео до Курти: Честитки или уцена?

Приштинските медиуми објавија денеска дека државниот секретар на САД, Мајк Помпео, испратил писмо до премиерот во Приштина, Албин Курти.

Сепак, се појавуваат две верзии на писмото, едната како честитка за неговиот избор, а другата во која се бара укинување на таксите од 100 проценти на стоки од централна Србија и Босна и Херцеговина, пренесува „Газета експрес“.

Мајк Помпео во писмото изјави дека сега е време да се постигне договор со Белград.

– Им честитам на граѓаните на Косово за успешните и демократски избори. Го поздравуваме формирањето на владата и со нетрпение очекуваме да постигнеме заеднички цели, како што се економскиот раст, владеењето на правото и нормализацијата на односите со Србија – се вели во писмото.

Исто така, се потенцира дека е дојдено време за нормализирање на односите со Белград, што ќе се фокусира на меѓусебно признавање, што, се вели, е клучно за целосна меѓународна интеграција на Косово.

„САД ќе бидат со вас во текот на овој процес“, рече Помпео.

Се укажува дека Вашингтон очекува Курти да ја укине 100-процентната такса за производите од централна Србија и тоа треба да биде приоритет.

– Укинувањето на данокот на производи од Србија и БиХ ќе им овозможи на страните да седнат на преговарачката маса. Се надеваме и очекуваме дека ова ќе биде вашиот приоритет и дека ќе го искористите овој моментум создаден од писмата со намери за воспоставување авиокомпанија и железничка линија меѓу Приштина и Белград – се вели во писмото на Помпео.

Сепак, во изјавата издадена од канцеларијата за медиуми на приштинската влада, не се споменува дека Помпео побарал да се укине данокот.

– Во своето писмо, државниот секретар му честиташе на народот на Косово за успешните и демократски избори и го поздрави формирањето на косовската влада, во надеж дека ќе соработуваат тесно за постигнување на заеднички цели, како владеење на правото и нормализирање на односите со Србија, – се вели во соопштението од кабинетот на Курти.

Поврзани вести

Адвокатот на Асанж: Трамп понудил да го помилува Асанж, но под еден услов

Никола Поповски

Епидемиолози: Поголемиот дел од Европа е 14 дена зад ситуацијата во Италија

Трагична судбина на докторка: Била на првата линија, заболела од коронавирус, после една недела извршила самоубиство

Врвен експерт oткрива низа пропусти во Министерството за здравство на САД

Околу 1.400 лица дневно се апсат на границата меѓу САД и Мексико

Maja_Serafimova

Грабар-Китаровиќ: официјалната претседателска кампања не е започната, нема потреба да се соочувам со „обични граѓани“

Maja_Serafimova