СВЕТ

Еден од заложниците во грузиската банка: Киднаперот држи бомба без осигурувач

Еден од заложниците во банката во грузискиот град Зугдиди контактирал со телевизиската станица „Мтаври“ откривајќи дека има само еден киднапер кој држи 19 заложници и дека во себе има бомба без осигурувач.

„Во просторијата сме 19 луѓе… Киднаперот стои покрај мене, тој е вооружен, го извади осигурувачот од бомбата и постојано го држи во рака… Бара 500.000 долари. А, првото и главно барање е специјалците да се повлечат… Два часа“, рече тој, додавајќи дека полицијата била во контакт со киднаперот и водела преговори, досега без резултати.

Медиумите претходно објавија дека непознат напаѓач, вооружен со автоматска пушка и бомба, зел заложници вработени и клиенти на банката кои ги затекнал во моментот.

Отпрвин, во банката имало околу 30 лица, но постарите лица беа ослободени.

Според извештаите во медиумите, еден од заложниците успеал да го вклучи алармот, а некои успеале да избегаат преку излезот во случај на пожар и преку покривот.

Исто така, на почетокот се тврдеше дека има двајца киднапери.

Поврзани вести

Северна Кореја одбива да го затвори хостелот во нејзината амбасада во Берлин

Борел: Европа беше „малку наивна“ во однос на Кина, но нејзиниот пристап стана пореален

Харадинај реагира: Приштина ја очекува многу работа, Курти е недоследен

Гутереш: Една милијарда лица со инвалидитет ширум светот се меѓу најтешко погодените од пандемијата

Втор ден по ред во Кина нема ниту еден случај на новозаразен од локално потекло

Техеран демантира дека САД извршиле кибер напад врз Иран

Maja_Serafimova