Вести СВЕТ

Една од петте земји што се подготвени: Бразил ќе ја произведува руската вакцина против Ковид-19

Рускиот фонд за директни инвестиции и бразилската држава Парани се договориле за соработка во областа на производство и дистрибуција на првата регистрирана вакцина во светот против коронавирусот „Спутник V“, се наведува во објавата на фондот.

Генералниот директор на рускиот фонд, Кирил Дмитриев и гувернерот на државата Парана, Карлос Маса Ратињо Жуниор, учествувале на онлајн-церемонијата за потпишување на договорот.

„Во рамките на потпишаниот стратешки договор за соработка, Рускиот фонд за директни инвестиции, заедно со фармацевтските корпорации на државата Парана, ќе го организираат производството на вакцината „Спутник V“ и нејзината дистрибуција во Бразил и други земји од Латинска Америка. Наскоро, Рускиот фонд и Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ ќе бидат подготвени да им ги понудат на Технолошкиот институт на државата Парана, резултатите од клиничкото тестирање на вакцините и технолошките протоколи за нивното производство“, се наведува во фондот.

Во таа пригода, директорот на рускиот фонд, Кирил Дмитријев, истакнла дека Бразил е една од петте клучни земји што се подготвени да обезбедат производство на руската вакцина.

„Ние сме сигурни во високата безбедност и ефикасност на „Спутник V“ и се надеваме дека бразилскиот регулатор наскоро ќе одобри употреба на вакцината“, рече Дмитријев.

Руското министерство за здравство во вторникот ја регистрираше првата вакцина во светот за спречување на новата инфекција Ковид-19, која ја изработи научниот институт „Гамалеј“ заедно со Рускиот фонд за директни инвестиции. Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко најавил дека вакцината ќе се произведува на две места – во центарот „Гамалеј“ и во компанијата „Бинофарм“. Рускиот претседател Владимир Путин истакнал дека вакцината ги поминала сите потребни тестови и формира стабилен имунитет.

Поврзани вести

Москва: Активисти протестирале поради смртта на Флојд пред американската амбасада

Тимошенко во сериозна состојба поради коронавирус

Влатко Зорба

Претставничкиот дом гласаше за отповикување на Трамп од должноста претседател на САД

Влатко Зорба

Kанадски научници веруваат дека канабисот може да помогне во превенција и лекување на коронавирус

Проектили паднаа во близина на Амбасадата на САД во Багдад

Stefanija Kuzmanovska

Британскиот министер за финансии поднесе оставка, Џонсон разреши четворица министри

Никола Поповски