Регион СВЕТ

Експлодирал ковчег на погреб во Бечеј, повредена жена

Бизарна несреќа се случила денес околу 11.30 часот во Бечеј на српските православни гробишта.

Имено, од засега непознати причини, експлодирал ковчег. Поради силата на експлозијата, парчиња на дрво од кој е изработен ковчегот се разлетале и ја повредиле Д.А. (71) од Жабља, жена која била во близина.

Иако причината за експлозијата не е позната се претпоставува дека реакцијата се случила откако комуналните работници ставиле сув мраз во ковчегот со починатиот, со цел телото побрзо да се олади.

Работниците веднаш го замениле ковчегот и погребот продолжил.

Истрагата за овој инцидент е во тек.

Поврзани вести

Србија отвора ново поглавје во преговорите со ЕУ

Влатко Зорба

Абазовиќ позитивен на коронавирус

Влатко Зорба

Франција пријави прв смртен случај на дете со симптоми на болеста Кавасаки

Нова реакција од СЗО: Асимптоматските случаи сепак го пренесуваат коронавирусот

СЗО: Jа зголемивме нашата проценка за ризикот од ширењето на Ковид-19 на многу висок на глобално ниво

Никола Поповски

Вучиќ за тоа дека не знаел што потпишува: Ги заменија папките, сè проверував

Влатко Зорба