Вести СВЕТ

Ердоган: Ако не се повлечат курдските борци, ќе ги уништиме

Турција ќе го искористи своето право да ги уништи курдските борци, припадници на Единиците за народна заштита, доколку не се повлечат од „зоната на безбедност“ во северниот дел на Сирија согласно договорот, порача денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Претходно денеска, Сириските демократски сили предводени од Курдите, ја обвинија Турција дека почнала офанзива на три села и покрај договорот за прекин на огнот. Русија, пак, соопшти дека договорот се почитува без проблеми.

Неименуван претставник на тие сили денеска рече дека  Курдите од Сириските демократски сили се повлекле на 32 километри од границата со Турција. Претходно, рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин изјави дека курдските сили почнале да се повлекуваат од подрачјето во близина на турската граница во Сирија.

– Со задоволство забележуваме дека договорот постигнат во Сочи се спроведува. Сè се спроведува, истакна Вершинин.

Москва веќе испрати одреден број воени полицајци во пограничното подрачје меѓу Турција и Сирија врз основа на договорт постигнат во вторникот меѓу турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин.

 

Поврзани вести

Турција веќе на почетокот  на јануари ќе испрати војска во Либија, изјави Ердоган

Maja_Serafimova

Нов црн рекорд во Шпанија: Скоро 1.700 луѓе починаа во последните 48 часа

Влатко Зорба

Вонредна состојба во Калифорнија: Eвакуирани 50.000 жители на Лос Анџелес заради пожарите

Maja_Serafimova

Гутереш изрази загриженост поради тензиите на Блискиот Исток

Рама: Албин може да биде сè, но никогаш слуга на Србија

Нетанјаху прогласи победа на изборите во Израел, но нема мнозинство