Регион СВЕТ

Ердоган: Две држави на Кипар се најреалното решение

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека е дојдено време да се претстави реален предлог за решавање на кипарското прашање, бидејќи параметрите на тековните преговори се неодржливи. Ердоган смета дека решението со две држави е најреално.

Кипар беше поделен по турската инвазија во 1974 година. Европската Унија го прифати Кипар во полноправно членство во 2004 година и е претставен од меѓународно признаената влада на кипарските Грци на југот на островот. На север е прогласена Турската Република на Северен Кипар, која е признаена само од Турција.

Последниот обид за обединување на островот не успеа во средината на 2017 година. Двете страни се обвинија едни со други за неуспехот, а Анкара ја обвини Европската Унија за кршење на законите прифаќајќи ги само кипарските Грци.

Поврзани вести

Во Вухан учениците постепено се враќаат на училиште

Починаа уште 6 лица во Србија, 254 новозаразени

Влатко Зорба

Хрватскиот епидемиолог Игор Рудан објасни кои се вистинските причини за невидената трагедија во Италија

Протесна нота од Јужна Кореја до Јапонија поради коронавирусот

Дописник на Дојче Веле: Ердоган се закани дека ќе пушти мигранти низ Европа и трагично е што ЕУ сè уште нема никаков план

Словенија денеска го прославува Денот на независноста и единството

Maja_Serafimova