Вести СВЕТ

Ердоган: Ситуацијата во Сирија личи на војна

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека она што се случува во Сирија Идлиб сега може да се нарече војна.

„Она што се случува во Идлиб може да се опише со зборот војна. Ние веќе ги започнавме нашите операции таму“, рече Ердоган.

Тој додаде дека ќе разговара на телефон со Владимир Путин за ситуацијата во Сирија и дека дејствијата на Турција во Идлиб ќе зависат од резултатите од тој повик.

„Ќе разговарам со Путин денес околу 16 часот. Ќе разговараме за сè што се случува во Идлиб. Резултатите од тој разговор ќе го одредат однесувањето на Турција. Ние нема да ги напуштиме нашите позиции во Сирија додека насилството на сириската влада трае “, рече Ердоган, а пренесува Спутник.

Според него, за време на операциите во Идлиб, кои биле спроведени со поддршка на турските вооружени сили, биле убиени околу 150 сириски војници и уништени 12 тенкови, три оклопни возила и 14 противвоздушни системи.

Поврзани вести

Поранешна соработничка го обвини Бајден за сексуално вознемирување

Состојбата на полотот не е позната: Двомоторен авион 414 се урна врз куќа

user4

Германците го демантираат Трамп: „Сончањето не помага во борбата против коронавирусот“

Јапонскиот премиер прогласи вонредна состојба во Токио и шест други области во земјата

Од три милиони заразени со коронавирус, се опоравиле 879.000 луѓе, во Швајцарија ублажување на мерките

Во Париз почина 16- годишна тинејџерка, најмладата жртва во Европа