Вести СВЕТ

Ердоган со охрабрувачка порака: Турција ќе го забави преносот на вирусот за две до три недели

Турскиот претседател Реџеп Таип Еродган е уверен дека неговата земја ќе го забави преносот на коронавирусот во рок од две до три недели.

Ердоган во телевизиското обраќање рече дека е уверен дека Турција ќе ја надмине епидемијата на вирусот „во најкус можен рок, со најмала можна штета“, пренесува АП.

Министерот за образование на Турција, Зија Селчук, најави дека сите училишта во Турција ќе останат затворени до 30 април, како резултат на епидемијата на коронавирус, но онлајн-наставата ќе биде обезбедена во тој период, додава Ројтерс.

Во Турција досега од коронавирусот починале 44 лица, додека заразени се 1.972.

Сепак, Ердоган додава дека се следат уште 53.000 луѓе, кои се во домашна самоизолација и 8.554 во болниците.

Поврзани вести

Светот има недостиг од презервативи поради коронавирусот

Словенија во „портокалова фаза”: Се очекува да дува ветер и до 100 километри на час

За 12 часа регистрирани 5500 обиди за влез во Грција (ВИДЕО)

Разговор Трамп – Столтенберг околу актуелната состојба на Блискиот Исток

Никола Поповски

СЗО: Нема драстично зголемување на бројот на инфицирани со коронавирусот надвор од Кина

Најмалку 58 мигранти се удавија во близина на брегот на Мавританија

Maja_Serafimova