Вести СВЕТ

Ердоган: Турција ќе ги продолжи своите планови за населување на арапското население во градовите на северот од Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека не смета дека ќе има какви било проблеми во сирискиот град Кобане поради разместувањето на сириските војници долж границата.

Сириските сили претходно денеска влегоа во гратчето Тел Тамер, на североистокот од Сирија, пренесоа западните агенции, повикувајќи се на сириските државни медиуми.

Разместувањето на силите следеше откако Дамаск постигна дооговор со курдските сили од регионот, заеднички да ги спречат нападот на Турција.

Во обраќањето до јавноста пред заминување за Азербејџан, Ердоган кажа дека Турција ќе продолжи со примена на своите планови за населување на арапското население во градовите на северот од Сирија.

Повлекувањето на американските војници од северот на Сирија турскиот претседател го оцени како „позитивен чекор“.

Поврзани вести

Маск: Ќе собориме од власт секој што сакаме

Влатко Зорба

СЗО: Светот е во нова и опасна фаза на пандемијата

Stefanija Kuzmanovska

Велика Британија: Бројот на злосторства од омраза против Кинезите зголемен за три пати

Stefanija Kuzmanovska

Коронавирус: За прв пат помалку од 100 мртви за еден ден во Велика Британија

Влатко Зорба

Бројот на смртни случаи од епидемијата на коронавирус во Италија достигна 148 луѓе

Курти го разреши министерот за внатрешни работи Агим Велиу – ширел паника во врска со коронавирусот