Регион СВЕТ

Ердоган: Задолжително носење маски низ целата земја и полициски час за помладите од 20 години

Турција од полноќ воведува нови мерки за борба против епидемијата на коронавирус, вклучително и делумен полициски час за лица под 20-годишна возраст.

Исто така, решено е да се забрани влез и излез на возила во 31 град, освен за возилата кои пренесуваат намирници и лекови, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Тој додаде дека употребата на маски на места каде има повеќе луѓе станува задолжителна, пренесува Ројтерс.

На граѓаните на возраст над 65 години и на оние со хронични заболувања им е забрането излегување од домовите.

Во Турција, бројот на смртни случаи од коронавирус денес се зголеми за 69, со што вкупниот број на починати изнесува 425 лица, а вкупно заразени се скоро 21.000 луѓе.

Поврзани вести

Злосторство во училиште во Србија: Убиена директорката и нејзиниот возач

На овој човек короната не му може ништо, се наоѓа надвор од опсегот на вирусот (ВИДЕО)

Меркел: За Германија од исклучително значење е оддржувањето на НАТО

Бадник и Коледе по светот

Maja_Serafimova

Полициски час во Србија од петок до понеделник

Над 50 илјади бегалци и мигранти пристигнале во Грција од почетокот на годинава

Maja_Serafimova