СВЕТ

Еспер: Ние го повикавме Ким Џонг-ун на воздржаност

– Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер изјави дека за САД политичкиот договор за денуклеаризација е најдобар пат за решавање на прашањето Северна Кореја, додавајќи оти американските сили се подготвени да се борат ако е неопходно.

– Ние го повикавме Ким Џонг-ун на воздржаност, посочи Еспер.

Ким претходно изјави дека нема повеќе основа Пјонгјанг да се придржува до мораториумот за интерконтиненталните балистички ракети и тестирање на нуклеарни бомби. Тој најави и дека ново стратешко оружје ќе биде претставено во блиска иднина.

Неименуван американски претставник изјави дека нема индиции оти Северна Кореја се подготвува за тестирање на ракети со долг дострел во блиска иднина.

Поврзани вести

Во Турција претставен прототипот на првиот автомобил од домашно производство

Никола Поповски

Контрола на патниците од Кина во САД поради новиот вирус

Норвежани виновни за зараза на универзитетот во Инсбрук

Чикаго превентивно отстрани две статуи на Кристофер Колумбо

Водечкиот американски виролог: Ковид-19 се шири дури три пати побрзо од нормалниот сезонски грип

Хамнеи: И удривме шлаканица на Америка, но тоа не е доволно