СВЕТ

ЕЦБ: Коронавирусот не се пренесува преку еврата

Не постои значителен ризик да се заразите со новиот коронавирус користејќи хартиени и метални банкноти од европската валута, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).

Ова беше утврдено со лабораториско тестирање, кое покажа дека вирусот преживеал многу подолго на други површини, пренесе француски „Локал“.

Парите сè уште се користат во 19 земји од еврозоната, меѓутоа, бројни продавници бараат од клиентите да преминат на безконтактно плаќање, за да избегнат ракување со банкноти и можен контакт со заразено лице.

Членот на извршниот одбор на ЕЦБ, Фабио Панета изјави дека тестирањето во лабораторијата покажало дека стапката на преживување на вирусот е 10 до 100 пати поголема на челичните површини, како што се рачките на вратите, отколку на банкнотите.

„Другите анализи покажаа дека вирусот е многу потежок за пренесување преку порозни површини како што се памук или хартија отколку од мазни површини како што е пластика“, рече Панета, додавајќи дека банкнотите на еврото биле отпечатени на хартија од памучно влакно, што ги прави отпорни на абење.

Панета заклучи дека банкнотите не претставуваат ризик од инфекција во споредба со другите типови површини со кои луѓето секојдневно доаѓаат во контакт.

Повеќе од 340 милиони Европејци го користат еврото и готовината е доминантен начин на плаќање и е особено популарна во Германија, Франција и Шпанија, соопшти ЕЦБ.

Поврзани вести

„Кралот на бананите“ за 45.000 евра ја купи „Адриа ервејз“

Д-р Кон: Србија во петок ќе започне да ги следи своите граѓани што се враќаат од Црна Гора, Хрватска, БиХ и Албанија поради короната

Александар Петровски

Исламска држава соопшти дека напаѓачот кој избоде минувачи во Лондон е нејзин борец

Научниците симулирале кашлица и го следеле патот на капките! Еве кои маски НАЈДОБРО штитат од корона

Stefanija Kuzmanovska

Кои земји во светот, покрај Северна Кореја, немаат ниту еден регистриран случај на Ковид-19?

Никола Поповски

Гинеколог обвинет дека продавал снимки на порно сајтови од негови пациентки