Вести ЕУ СВЕТ

ЕУ формираше фонд за борба против коронавирусот: 25 милијарди евра помош

Лидерите на земјите членки на ЕУ за време на видео конференцијата посветена на европскиот одговор на епидемијата на вирусот корона, се согласија за координиран пристап за ограничување на ширењето на вирусот, снабдување медицинска опрема и решавање на социо-економските последици од епидемијата.
Најавени беа дневните консултации на министрите за здравство и за внатрешни работи на ЕУ, како и формирање на фонд за инвестиции против болеста во износ од 25 милијарди евра.

Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, кој исто така го повика овој вонреден разговор меѓу претседателите и премиерите на земјите членки, вели дека се утврдени четири приоритети за работа кога станува збор за реакцијата на ЕУ на епидемијата КОВИД-19.

„Прво е ограничување на ширењето на вирусот, преземање пропорционални мерки во согласност со научни и медицински факти, координирање на испорака на медицинска опрема за редовно функционирање на внатрешниот пазар и промовирање на истражување за развој на вакцини, дијагностика и третмани за пациенти со КОВИД-19“, рече Мишел.

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајзен рече дека е клучно во овој момент да се запре брзото ширење на вирусот.

„Вирусот ќе продолжи да се шири. Најважно е да се забави што е можно повеќе, затоа што ако има премногу заразени во краток период, ќе има голем притисок врз здравствениот систем “, рече Фон дер Лајзен.

ЕУ додава дека веќе се инвестирани 120 милиони евра во областа на истражувањето на вакцини против вирусот.

Што се однесува до социо-економските последици од епидемијата, Брисел вели дека тие се подготвени да ги користат сите потребни инструменти и средства за да им помогнат на засегнатите деловни активности и работници и да одржат позитивни економски параметри.

„Покрај државната помош и финансирањето од Пактот за стабилност и развој, ЕУ ќе формира и Фонд за инвестиции „Корона“ во висина од 25 милијарди евра за поддршка на здравствените системи, деловните активности, пазарот на трудот и другите чувствителни делови на економијата“, рече Урсула фон дер Лаејн.

Таа додаде дека Европската комисија секојдневно ќе координира со министрите за здравство и внатрешни работи на земјите-членки со цел да се знае „кој, што и како работи и како може да се координираат сите мерки, да бидат соодветни и навремени“.

ЕУ наведува дека во моментот нема најави за затворање на внатрешните граници со цел да се запре ширењето на КОВИД-19, но за понатамошните мерки ќе се договараат на дневно ниво.

Поврзани вести

Нема планови да се забрани Јутуб во Русија, изјави Медведев

Maja_Serafimova

Најзначајните настани на Балканот во 2019 година

Никола Поповски

Туск: За седум или осум часа би требало „да биде познато кога ќе се случи Брегзит“.

Maja_Serafimova

Во Германија во пораст криминалот со радикално десничарска позадина

Влатко Зорба

Моќна експлозија одекнa во Бејрут (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Грција постепено ќе се враќа во нормала во мај и јуни