СВЕТ

ЕУ со повик за воздржаност и смирување на тензиите во Хонг Конг

Европската унија повика денеска на смиреност и воздржаност во Хонг Конг, каде полицаец рани демонстрант за време на судири при протести.

„ЕУ продолжува да потенцира дека дијалогот, смирување на тензиите и воздржаноста се единствените начини да се оди напред“, изјави портпарол на Европската комисија на редовна прес-конференција.

Полициски службеник во Хонг Конг пукаше од огнено оружје и рани демонстрант денеска за време на нови судири на протестите, соопштија извори блиски до полицијата.

„Полициски службеник пукаше од огнено оружје откако беше нападнат и еден демонстрант беше застрелан во градите“, велат изворите, додавајќи дека повредениот човек бил хоспитализиран.

Полицијата претходно употреби солзавец за да ги растера демонстрантите на продемократските протести во Хонг Конг.

Поврзани вести

НОВ ЦРН РЕКОРД ВО ФРАНЦИЈА: Над 52.000 новозаразени во еден ден

Stefanija Kuzmanovska

Германската болница: Се подобрува здравствената состојба на Навални

Stefanija Kuzmanovska

Бројот на загинати во Франција расте

Stefanija Kuzmanovska

Масовно пукање на приватна забава: Двајца починале, а најмалку 13 се повредени (видео)

Никола Поповски

Курц: Имаме проблем со увоз на коронавирусот, пред се од Западен Балкан

Stefanija Kuzmanovska

Зошто сите Американци што биле заразени со коронавирус нема да можат да се вработат во вооружените сили?