ЕУ

Болтон: Трамп го гледа Курц како алтернатива на Меркел

Американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да влијае на процесите на донесување одлуки во ЕУ, а тоа е причината за засилување на врските меѓу САД и Австрија, вели Џон Болтон, поранешен советник на претседателот во интервју за виенски „Пресе“.

„На некој начин, Трамп го гледа Курц како алтернатива на германската канцеларка Ангела Меркел“, вели Болтон.

Американскиот амбасадор во Виена предложи средба меѓу Трамп и Себастијан Курц, австрискиот канцелар. Официјална Виена сакаше средба во Белата куќа во втората половина на 2018 година, додека Австрија го имаше претседателството со ЕУ. Средбата се случи во февруари 2019 година, а по помалку од една година, Трамп го покани канцеларот повторно во посета, но пандемијата на коронавирус беше пречка.

Мајк Помпео, американскиот државен секретар, денес е во посета на Виена, а Болтон тврди дека негова вистинска амбиција е да се биде кандидат за претседател на републиканците во 2024 година, како политички наследник на Трамп.

„Затоа Помпео е секогаш толку блиску до Трамп, дури и кога не се согласува со него. Знам дека дури и во приватни разговори тој не му противречи на претседателот. Иако, шансите се 50:50, бидејќи коронавирусот и економската криза беа негативни според Трамп, а тој заостанува на изборите. Останува уште многу работа пред изборите на 3 ноември“, рече поранешниот советник на Трамп и американскиот амбасадор во ОН, кој неодамна објави „инсајдерска“ книга за Трамп и случувањата во Белата Куќа.

Патем, Болтон упати доста сериозни обвинувања против неговиот поранешен шеф. Во книгата, тој слика портрет на човек кој ги става своите лични политички интереси над националните и го нарече необразован и некомпетентен.

Поврзани вести

ЕУ издвои 10 милиони евра за медицински истражувања за коронавирусот

Борис Џонсон најави построги закони за терористички осуденици

Путин: Расте извозот на руско вооружување и воена опрема

Џонсон и се обрати на нацијата првпат по заболувањето од коронавирус

Холандија не сака да учествува во враќање на деца на припадници на Исламска држава

Почина последниот советски маршал Дмитриј Јазов