ЕУ

Борел: Затворањето на границите не е решение, потребна е поголема глобална соработка

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, изјави денеска дека затворањето на границите и независно барање решение за борба против новиот коронавирус не е решение за кризата и повика на посилна глобална соработка.

По неформалната видео конференција на министрите за надворешни работи на ЕУ, Борел рече дека во фокусот на таа неформална средба е меѓународен одговор на пандемијата на вирусот, објави Европската служба за надворешни работи.

„Како што сите знаете, ова е критичен момент. Овој вирус ги игнорира националните граници и предизвикува невидена глобална криза. Единствениот можен одговор е посилна глобална соработка меѓу луѓето, регионите, земјите“, рече Борел.

Тој рече дека ЕУ многу работи во тековната криза и рече дека тоа не се гледа доволно.

„Некои земји се жалат дека не им помагаме, а ние всушност сме партнерот кој најмногу им помага. ЕУ ќе продолжи да биде сигурен партнер, избор на соработка наместо конкуренција. Ова не е време да се обвинуваме едни со други. Единствениот начин да се спречи ширењето на заразата е силна посветеност“, рече шефот на европската дипломатија.

Борел рече дека има потреба од зголемување на меѓународната соработка и солидарност и дека ЕУ ќе треба да ги насочи напорите за да им помогне на земјите во ризик. Тој предупреди за ситуацијата во Африка, каде влијанието на пандемијата може брзо да излезе од контрола.

Поврзани вести

Во последните 24 часа во Италија од коронавирусот умреле нови 651 лице

Европратениците децидни: Силна ЕУ стратегија против „руските дезинформации“

user5

Русите подготвени да ги напуштат странските интернет платформи

user4

Прва размена на затвореници меѓу Донбас и Киев во последните две години

Во Германија се урна воен авион

user3

Песков најави дека Русија  ќе испрати авион со медицинска и заштитна опрема во САД