ЕУ

Брисел загрижен за американските санкции против Меѓународниот кривичен суд

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави денеска дека е „многу загрижен“ за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го одобри воведувањето економски санкции против сите функционери на Меѓународниот кривичен суд (МКС) вклучени во истрагите за активностите на американските сили.

„Најавата дека претседателот Доналд Трамп потпишал указ со кој се одобруваат санкции на САД против персоналот на Меѓународниот кривичен суд вклучени во секоја истрага за активностите на американските сили, можеби воени злосторства во Авганистан, е многу загрижувачка“, рече Борел.

Тој рече дека ЕУ ќе ги разгледа сите импликации од таа одлука и дека ќе се дискутира на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, кој ќе одржи видео конференција во понеделник, 15 јуни, и дека е планиран разговор со државниот секретар на САД, Мајк Помпео, велат дипломатски извори.

Борел рече дека ЕУ силно го поддржува Меѓународниот кривичен суд, кој е со седиште во Хаг, затоа што одиграл клучна улога во воспоставувањето меѓународна правда и репресија на најсериозните меѓународни злосторства.

Трамп го одобри денес воведувањето економски санкции и ограничувањата за патувања за сите вработени во Меѓународниот кривичен суд (МКС) кои истражуваат или обвинуваат американски војници или разузнавачи за можни злосторства во Авганистан без согласност на Соединетите држави, објави денеска Белата куќа.

„И покрај бројните повици на САД и нашите сојузници за реформи, Меѓународниот кривичен суд не направи ништо за реформа и продолжува да спроведува политички мотивирани истраги против нас, или на нашите сојузници, вклучително и Израел“, се вели во соопштението на портпаролот на американскиот претседател, цитиран од Франс прес.

Поврзани вести

Макрон им рече на отпуштените работници на „Вирпул“ дека за тоа не е виновна неговата влада

Го прекршила карантинот, па протестирала гола и се качила на полициска кола (ВИДЕО)

Уапсен лидерот на полската екстремистичка десница поради јавно поттикнување на омраза кон Евреите

Молекуларниот биолог Штагљар открива: Нема враќање назад на старо се додека не се најде вакцина или лек за коронавирусот

Се отворија продавниците, фризерите, салоните за убавина, кафулињата и рестораните во Италија

Путин: Русија е подготвена да одговори на секој агресор кој ќе се осмели да го повтори нападот на нацистичка Германија