ЕУ

ЕК: Во Србија беззаконие, корупција и притисок врз медиумите

Србија заостанува далеку во клучните области како што се независноста на судството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите, но и во внатрешните процеси за воени злосторства и судењата за организираниот криминал.

Ова се наведува во редовниот полугодишен извештај на Европската комисија (ЕК) за состојбата на владеењето на правото во Србија како земја во процесот на пристапните преговори со Европската унија (ЕУ).

Овој таканаречен „нон-пејпер“ е анализа на состојбата и напредокот во Поглавјата 23 и 24 (судството и човековите права) во преговорите за пристапување, што е клучно за понатамошен напредок во пристапниот процес.

„Владини претставници, некои на највисоко ниво, како и членови на парламентот, продолжуваат редовно да коментираат за јавните расправи, тековните судски постапки и индивидуалните судии и обвинители. Написите во таблоидите се насочени кон дискредитирање на членовите на судството. Во некои случаи, судиите бараа ослободителни пресуди во случаи во кои се вклучени локални политичари, повикувајќи се на притисок врз нив и нивните семејства, се вели во документот.

Во извештајот на ЕК се истакнува дека српските власти продолжуваат да обезбедуваат поддршка и јавен простор за осудени воени злосторници и да дозволуваат говор на омраза.

Во документот се наведува дека Србија, вклучително и на највисоко државно ниво, продолжува јавно и континуирано да ги оспорува одлуките на Хашкиот трибунал.

Ситуацијата во секторите кои се особено ранливи на корупцијата „останува главно непроменета“. Секторите вклучуваат јавни набавки, инфраструктурни проекти, здравствена заштита, образование, градежништво, просторно планирање и јавни претпријатија.

ЕК ги забележува и постојаните закани, заплашувања и насилство врз новинарите.

Документот, исто така, наведува обид на српската влада да ги централизира информациите за време на пандемијата на коронавирусот и апсењето, проследено со континуиран притисок и заплашување на новинарката Ана Лалиќ.

Поврзани вести

Бдеење и миса за 39-те Виетнамци чии тела беа пронајдени во камионот на смртта

Влатко Зорба

Британските конзервативци со 41 отсто доверба од граѓаните

Санчез положи заклетва на премиерската функција во Шпанија (ВИДЕО)

ЕУ објави пакет од 3,3 милијарди евра за поддршка на Западен Балкан

Stefanija Kuzmanovska

Италијанските лекари планираат да почнат со користење крвна плазма од оние кои оздравеле од Ковид-19

Оставка на шефот на кабинетот на премиерот на Малта