ЕУ

Германија го презема претседателството со ЕУ

Денес, по 13-ти пат, Германија ќе го преземе ротирачкото шестмесечно претседателство на Европската унија, а за време на мандатот нејзин приоритет ќе биде борбата против пандемијата на коронавирусот и економското и социјалното закрепнување на Европа.

Германија го презема раководството на Советот на ЕУ од Хрватска, чиј мандат беше, исто така, во голема мерка обележан со пандемија, пренесува Бета.

Од 1 јули, Германија ќе ја формира таканаречената претседателска тројка на ЕУ со Португалија и Словенија, која ќе го преземе претседателството во првата и втората половина на 2021 година.

Уште на почетокот на 2019 година, Берлин, Лисабон и Љубљана се согласија да работат поблиску на поврзување и координирање на нивните ротирачки мандати на чело на ЕУ и усвоија заедничка програма што го покрива периодот од 1 јули 2020 година до 31 декември 2021 година.

Во документот се вели, како една од точките, дека Советот ќе работи со високиот претставник на ЕУ за „да продолжи со процесот на проширување на Западен Балкан“.

Поврзани вести

Меркел се врати на работа по 12 дена минати во карантин

Руската министерка за култура Олга Љубимова е позитивна на тестот на новиот коронавирус

Конзумирање алкохол на улиците во Брисел ќе биде забрането

Влатко Зорба

ЕК утре ќе даде препораки за излез од мерките на изолација

Соиграч на Лукашенко заразен со Ковид-19, претседателот на Белорусија ќе продолжи да работи

Неколку европски земји нема да екстрадираат граѓани во Велика Британија, меѓу нив и балканска држава

Никола Поповски