ЕУ

Јункер: Постојат проблематични точки во планот за Брегзит

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави денеска дека планот на Велика Британија за напуштање на ЕУ се уште има некои проблематични точки што треба да се решат во наредните денови.

– ЕУ сака договор. Ние остануваме обединети и подготвени нон-стоп да работиме да се случи тоа, како што правевме во изминатите три години, рече Јункер.

Европската комисија соопшти дека британскиот премиер Борис Џонсон го известил Јункер за време на телефонскиот разговор за најновиот предлог за брегзит на Велика Британија, во кој има правен текст, објаснување и дополнително писмо од Џонсон.

– Сепак, претседателот истакна дека има уште некои проблематични точки што треба да се решат во наредните денови, особено кога станува збор за управување со безбедносната мрежа на границата помеѓу Северна Ирска и Република Ирска (земји членки на ЕУ) по Брегзит, се нагласува во соопштение од Брисел.

Поврзани вести

Путин ќе одржи владина седница преку видеоконференциска врска

Макрон во расправија со медицинска сестра (ВИДЕО)

Украинската морнарица се подготвува за војна со Русија

Британската Влада планира до 9 јануари да го ратификува договорот за Брегзит во Долниот дом

„Стоп Брегзит“ – демонстранти протестираат пред Европската комисија

Maja_Serafimova

Над 100.000 домаќинства без електрична енергија поради бурата во Полска и Чешка