ЕУ

Конфликтот Брисел-Берлин ја отвора пандорината кутија

Конфликтот меѓу Брисел и Берлин избувна поради одлуката на германскиот Уставен суд, а од ЕУ беа обвинети дека Германија ги поткопува темелите на Унијата и нејзиниот правен поредок.

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, реагирајќи на пресудата на германскиот Уставен суд, дека законот на ЕУ е супериорен во однос на законот на државите нации и дека е можна постапка против Германија заради „поткопување на тој правен поредок“, објави Хина.

„Европската комисија потврдува три основни принципи: дека монетарната политика на Унијата е прашање на ексклузивна надлежност; дека законот на Унијата преовладува над националното право и дека одлуките на Европскиот суд се обврзувачки за сите национални судови“, рече Урсула фон дер Лејен во изјавата дадена во многу невообичаено време во неделата попладне.

Германскиот уставен суд го доведе во прашање приматот на највисокиот суд на ЕУ со разгледување на програмата за стимули на Европската централна банка (ЕЦБ). Ова е првпат највисокиот германски суд да донесе одлука што е спротивна на заклучоците на Европскиот суд, со кои претходно се утврди дека програмата за откуп на обврзници е во согласност со европското право.

Највисокиот германски суд би можел да прогласи дека програмата за откуп на државни обврзници е нелегална според германското законодавство и делумно спротивно на германскиот устав, доколку не добие убедливо образложение од ЕЦБ.

Според тоа, германската централна банка, Бундесбанк, може да биде исклучена од програмата.

Одлуката на германскиот суд се однесува на програмата за масовна набавка на државни обврзници, обврзници на државни агенции, локални единици и меѓународни организации на секундарниот пазар.

Програмата, која беше лансирана во 2015 година и траеше до 2018 година, овозможи откуп на државни обврзници во износ од околу две илјади милијарди евра. Тоа е програма за квантитативно олеснување, со што значително се намалија каматните стапки, т.е. трошоците за позајмување и овозможија економски раст по големата финансиска криза.

Судот на ЕУ со седиште во Луксембург претходно донесе пресуда дека одлуката на ЕЦБ е во согласност со европските регулативи, а во петокот објави дека обидите на националните судови да го оспорат нејзиниот примат го загрозуваат правниот поредок на Унијата, без директно да се повикуваат на ставот на германскиот суд.

Претседателот на Комисијата изјавува дека последниот збор во толкувањето на европското право го има Судот на ЕУ во Луксембург, а не националните судови.

„Последниот збор за правото на ЕУ е секогаш во Луксембург. Никаде на друго место“, рече фон дер Лејен.

Таа додава дека Комисијата сега детално ќе ја проучи одлуката на германскиот Уставен суд и ќе разгледа понатамошни чекори, што може да вклучуваат иницирање постапка против Германија.

„Европската унија е заедница на вредности и права, која секогаш мора да биде поддржана и да се брани. Тоа нè одржува заедно. Ние сме посветени на тоа“, рече фон дер Лејен.

Одлуката на германскиот Уставен суд резонираше во голема мерка затоа што може да ја доведе во прашање правната основа на ЕУ. Многумина го поставуваат прашањето ако германски суд не го почитува Судотот на ЕУ, како тогаш може да се бара истото од другите земји-членки.

Поврзани вести

Момче изврши масовно убиство во своето семејство во Германија

Најголеми фаворити според британските обложувалници се конзервативците и Џонсон

Заеднички предлог на Берлин и Париз за реформи на ЕУ

Шише шкотско виски продадено за 1,7 милиони евра

Maja_Serafimova

Словачка: Дојави за бомби во неколку судови во Братислава

user4

Првиот случај на заразен со новиот коронавирус е регистриран и во Мадрид