ЕУ

Меркел ја повикува Европа да преземе одговорност, но и жали за односите со Соединетите држави

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика Европа да преземе повеќе одговорности во светот. Таа исто така изрази жалење што односите со Соединетите држави се различни од оние што би сакале, особено кога станува збор за околината.

„Треба да направиме вонреден напор да се справиме со овој извонреден предизвик (коронавирус), но сакам уште повеќе, сакам Европската унија, особено во време на криза, да покаже светска солидарност и да преземе поголема одговорност“, рече Меркел во обраќањето пред фондацијата Конрад Анденауер.

Германија го презема ротирачкото претседателство на Европскиот совет на 1 јули. Меркел, која го најави нејзиното заминување во 2021 година, во Фондацијата ги претстави главните упатства за тоа што ЕУ ќе направи до крајот на годината, среде здравствена, економска и социјална криза.

„Пандемијата ќе доведе до засилување на конфликтите и постојните проблеми на голем број места и затоа ќе претставува предизвик за капацитетот на Европската унија да дејствува на надворешната и безбедносната политика“, рече Меркел.

„Тоа е уште повеќе причина да ги браниме вредностите што ги носиме во рамките на ЕУ, солидарноста, демократијата, слободата, заштитата на достоинството на секое човечко суштество“, рече таа.

Меркел додаде дека Европа може да излезе од кризата посилна отколку што влезе во неа.

Таа зборуваше неколку часа по презентацијата во Европската комисија за планот за обновување од 750 милијарди евра, што допрва треба да го усвоjat земјите-членки.

Меркел истакна дека Соединетите држави се најважниот партнер во Европа, но дека ова партнерство е различно отколку што би сакала ЕУ, особено кога станува збор за околината.

Таа оцени дека ЕУ има „стратешки интерес“ во разговорите со Кина, и покрај сегашните несогласувања околу Хонг Конг, каде според неа треба да се одржи принципот „една земја со два система“.

Германското претседателство ќе се занимава и со односите со Русија, рече Меркел.

Според неа, треба да се сфати дека во меѓународните односи не се применува законот за посилниот, него силата на заканот. Таа ја обвини Москва за поддршка на марионетски режими во некои делови на источна Украина и за напад на западни демократии, вклучувајќи ја и Германија, со хибридни средства.

Поврзани вести

Заштитната опрема во француските болници се распаѓа (ВИДЕО)

Кои држави ќе плаќаат повеќе во буџетот на ЕУ поради „Брегзит“?

user4

Ефекти на Брегзит: Амстердам е „новиот Лондон“ за компаниите

Никола Поповски

Илјадници луѓе во Мадрид протестираат заради климатските промени (ВИДЕО)

Крадците однеле колекција вредна над милијарда евра од музејот на накит во Дрезден

Парламентот го поддржа договорот на Џонсон за Брегзит, но не по забрзана процедура

Maja_Serafimova