ЕУ

Меркел сака конструктивен однос на ЕУ со Турција

Лидерите на земјите членки на Европската унија се обидуваат да го решат прашањето за блокадата на Кипар со воведување санкции против белорускиот режим на самитот во Брисел во четвртокот.

Непосредно пред самитот, кој започна деенска, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја смени агендата со ставање на ситуацијата во источен Медитеран како прва точка. Според првичниот план, прво требаше да се разговара за односите со Кина, додека за време на работната вечера беше закажана дискусија за односите со Турција, пренесе Хина.

Кипар го блокира воведувањето санкции против одговорните за изборни измами, репресии и насилство врз демонстрантите во Белорусија. Никозија ги условува санкциите за белорускиот режим воведувајќи санкции за Турција, која ја обвинува за спроведување истражување на гас во ексклузивната економска зона на Кипар.

Ситуацијата е крајно напната бидејќи Кипар ја има поддршката од Грција, која, како и Турција, е членка на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во четвртокот објави дека Грција и Турција постигнале договор за воспоставување механизам за избегнување случајни конфликти на истокот на Медитеранот.

Ова може да им помогне на дипломатските напори предводени од Германците за разбивање на тензиите и да се избегне можен конфликт околу енергетските ресурси.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон по пристигнувањето на самитот изјавија дека мора да се најде дипломатско решение за спорот меѓу Турција и Грција и Кипар.

Меркел изјави дека Европската унија има силен интерес за развој на конструктивни односи со Турција, пренесува агенцијата Анадолија.

„И покрај сите тешкотии, постои голем интерес за развој на конструктивен однос меѓу ЕУ и Турција. Ние сме партнери во НАТО. Кога станува збор за контролата на миграцијата, зависиме едни од други“, рече Меркел.

Поврзани вести

Путин: Јасно е дека против епидемијата може да се бори само со заеднички напори на меѓународната заедница

Нов кандидат на Франција за европски комесар е Тиери Бретон

Maja_Serafimova

Францускиот производител на лекови Санофи работи на вакцина против коронавирус

Ефекти на Брегзит: Амстердам е „новиот Лондон“ за компаниите

Никола Поповски

Француските лекари го пријавиле првиот случај на пренесување на коронавирусот од мајка на дете во утробата

Пронајдени шајки во експлозивот поставен во Атина

Елена Даскалова