ЕУ

Орбан: Европа не е во Брисел, ние сме иднината на Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во обраќањето пред нацијата рече дека Будимпешта научила дека не мора да и се допадне на „уморната бриселска елита“, посочувајќи дека Унгарија е иднина на Европа.

„Во последните десет години научивме дека Европа не е во Брисел“, соопшти тој, цитиран од унгарската новинска агенција МТИ.

„Европа смение и не треба да и се допаднеме на умошната бриселска елита … Во минатото мислевме дека Европа е нашата иднина, но денес знаеме дека ние сме иднината на Европа“.

Орбан долго време е во конфликт со Брисел и ги напаѓа и ЕУ и Европската народна партија (ЕНП), каде неговата партија Фидес е суспендирана.

„Имаме проблеми со ЕУ и овие проблеми произлегуваат од различен пристап како да се изгради Европа“, рече Орбан на коференција на европската екстремна десница на почетокот на февруари во Рим.

Поврзани вести

Франција : Во автобуска несреќа повредени 29 патници

Влатко Зорба

Најмалку 12 лица, од кои четири деца загинаа во сообраќајна несреќа во Словачка

Влатко Зорба

Се повеќе жени криминалци, тие се исто способни за кривични дела колку и мажите

Maja_Serafimova

Уапсени 18 лица поради трговија со цигари

user4

Ослободени силувачите на 14-годишно девојче во Барселона

Влатко Зорба

Путин секогаш ве гледа: Поставил огромен портрет на претседателот во лифт, а реакциите се феноменални (ВИДЕО)