АНАЛИЗИ ЕУ

Пандемијата ја зголеми популарноста на властите во многу земји: Опозицијата ширум Европа на „тенка жица“

Откако епидемијата од коронавирус се прелеваше во политичката агенда, опозициските политичари низ цела Европа, од претпазливи центристи до ентузијастичките популисти, изминативе два месеци одат по „тенка жица“, анализира „Гардијан“.

Прашањата што може да се постават во тој контекст, посочува британскиот весник, се како да останат политички релевантни, додека владите, дури и кога прават грешки, имаат корист од синдромот на краткорочно зголемување на популарноста за време на кризата, а нивниот рејтинг расте?

И, како тие влади да ги повикате на одговорност за своите грешки без политички игри за време на здравствената криза?

„Тешко е да се постигне рамнотежа, но имаше моменти кога немавме друг избор, затоа се боревме“, изјави неодамна градоначалникот на Будимпешта Гергели Карачоњи.

Во Унгарија, каде што вкупниот број на заразени со вирусот остана мал, владата на ултрадесничарскиот премиер Виктор Орбан се обиде да ја прикаже опозицијата како „провинцијална“ и го обвини Карачоњи за смртта во домовите за стари лица во главниот град.

„Предизвикување на директна конфронтација со опозицијата беше дел од владината стратегија за пандемија“, рече Карачоњи.

Градоначалникот беше избран во октомври минатата година, откако се спротивстави на фаворитот Орбан и се смета за потенцијален ривал на премиерот на изборите што ќе се одржат за две години.

„Гардијан“ пишува дека Орбан не се залагал за консензус како одговор на вирусот, можеби имајќи ги предвид тие избори.

Тој одби да наметне временски рок на законот за вирусот, кој го истурка во парламентот кон крајот на март, иако опозицијата рече дека ќе го поддржи доколку се воведе клаузула за период по кој ќе престане да важи.

Политичарите во некои земји ги прекинаа традиционалните конфликти во екот на кризата, додека поддршката за радикалните политички алтернативи пресуши.

Во Велика Британија, лидерот на лабуристите, Сер Кир Стармер првично понуди зборови за поддршка и соработка, но потоа внимателно избра безбедни битки за да укаже на проблематичните реакции на владата за пандемијата.

Популарноста на италијанскиот премиер Џузепе Конте скокна за време на кризата додека поддршката за ултрадесничарот Матео Салвини малку се намали.

Во Германија, каде постои посилна традиција на политика базирана на консензус, поголемиот дел од опозицијата досега се воздржа да ја критикуваат владата.

И германската влада и канцеларката Ангела Меркел уживаат висок рејтинг – дури 68 проценти од Германците се задоволни од канцеларот, што е највисока стапка на популарност откако ја презеде функцијата.

Ултрадесничарската популистичка АфД се бори да го сврти вниманието кон себе од почетокот на кризата со коронавирусот, а нејзината популарност опадна бидејќи остатокот од опозицијата се обиде да не биде забележана како бранува во тешки времиња, што значи дека се бори да биде почуствувано нивното присуство, вели „Гардијан“.

Како и да е, како што истакнува британскиот весник, кога економските последици од вирусот корона стануваат многу забележливи, синдромот на растечка популарност за време на кризата полека ќе почне да се смирува и опозициските партии ќе добијат шанса да возвратат.

Веќе има индикации дека популарноста на Конте опаѓа, а со укинувањето на итните мерки во Германија, опозициските партии најавија враќање во нормална политика.

„Периодот на едногласност по прашањето за управување со кризи е завршен“, рече неодамна Кристијан Линднер, лидер на ФДП, партија која е ориентирана кон бизнисот.

Во некои други земји, сепак, периодот на едногласност никогаш не бил на прво место, а политичките борби само се засилија.

Полската влада се обиде да ги одржи претседателските избори на 10 мај во услови во кои ќе биде невозможно опозицијата да спроведе соодветна кампања и во време кога енергијата беше фокусирана на борбата против вирусот.

Гласањето беше откажано во последната минута, а ново е закажано за следниот месец.

„Кризата предизвикана од пандемијата, помогна на полската влада да обезбеди неправедна предност за себе, така што кандидатите од опозицијата немаат еднакви шанси за време на кампањата. Кога и да се закажат избори, тоа ќе бидат далеку од фер избори“, рече Едит Згут, гостин-предавач на Универзитетот во Варшава.

Во Унгарија се засилија меѓусебните обвинувања и критики на Владата и градоначалникот на Будимпешта за управување со пандемијата, а дискурсот некако е префрлен на лично ниво. Орбан неодамна рече во едно интервју дека Карачоњи е „од типот на луѓе кои не можат да состават мебел од Икеа без нечија помош“. Карачоњи рече дека личните напади докажуваат дека опозицијата ја разнишала владата и дека дел од нејзината стратегија е да ја префрли вината на некој друг.

Поврзани вести

Заостанат неандерталски ген виновен за коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Туск во име на ЕПП: Одлуката за суспензијата на партијата на Орбан ќе ја донесам до крајот на годината

Влатко Зорба

Шпанска водителка по грешка доби џекпот, даде отказ во живо

Maja_Serafimova

Џонсон ја повика нацијата на единство за надминување на поделбите за Брегзит

Германски лекар со комбинација на повеќе лекови успешно лекува пациенти со Ковид-19

Повеќе од 515 илјади баратели на азил во ЕУ во првите 9 месеци од 2019 година

Влатко Зорба