ЕУ

Суд во Брисел го одложи сослушувањето на поранешниот каталонски лидер Пуџдемон

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон денеска изјави дека судот во Брисел го одложил неговото сослушување по налогот за апсење, издаден од Шпанија со барањето за негово предавање на тамошните власти.

Судот ќе одлучува за предметот на 16 декември, им кажа Пуџдемон на новинарите во Брисел, каде веќе две години живее во егзил по неуспешното прогласување на независноста на Каталонија, пренесоа британските медиуми.

Карлес Пуџдемон минатата недела им се предаде на белгиските правосудни власти, бидејќи Шпанија издаде налог за негово апсење по изрекувањето на пресудата на Врховниот суд за 13 негови колеги, кои, исто така, се залагаа за независноста на Каталонија.

Поврзани вести

Путин: Јасно е дека против епидемијата може да се бори само со заеднички напори на меѓународната заедница

Во повеќето земји-членки на ЕУ, минималните плати не се доволни за пристоен живот

Stefanija Kuzmanovska

Биланс од синоќешните протести во Каталонија: Најмалку 80 повредени, меѓу кои и 46 полицајци и 33 уапсени

Maja_Serafimova

Стратегија за укинување на ограничувањата: ЕУ веќе има план за враќање во нормален живот

Влатко Зорба

Турција кон ЕУ: Не е конструктивно и понатаму да се користи јазикот на санкциите

Stefanija Kuzmanovska

Вооружен маж во Украина со експлозив држи 20 заложници во автобус (ВИДЕО)