ЕУ

Во Европа 2.000.000 заразени

Во Европа се регистрирани над 2.000.000 заразени со новиот коронавирус.

Најмногу заразени има во Русија, а следат Велика Британија, Шпанија, Италија и Франција, пренесува АФП.

Русија бележи 335.882, додека починале 3.388 лица. Во текот на мај, дневно беа регистрирани и по 10.000 новозаболени.

Во Велика Британија досега се регистрирани 257.154 случаи.

Шпанија и Италија беа жариштата и најпогодените земји во Европа. Досега во Шпанија се регистрирани 234.824 случаи, а починале 28.628 лица.

Италија бележи 229.327 случаи, додека починати се 32.735 лица.

Повеќето земји започнаа да ги релаксираат мерките воведени за да се спречи ширењето на епидемијата.

Поврзани вести

Бугари од прозорец фрлале мебел на војската во Италија (ФОТО)

Белорус осуден на смрт откако претепал и ја отсекол главата на осуммесечно бебе

Maja_Serafimova

Се урна покрив на спортски комплекс во Санкт Петербург (ВИДЕО)

Германија под клуч: Се затвораат од продавници до кафулиња, клубови, театри, музеи, бордели и цркви

Главниот лекар во болницата која минатата недела ја посети Путин се заразил со коронавирус

Шведска компанија за нега и убавина поради грешка за два часа изгуби 11 милиони евра