СВЕТ

Европол: Пет лица се уапсени и конфискуван половина тон кокаин

Уапсени се пет лица, а конфискувани околу половина тон кокаин и 520 грама кристал мет, кои биле скриени во кабина на брод кај Азурските Острови во Португалија, соопштува Европол.

Седум куќи биле претресени како дел од истрагата.

Операцијата, која била предводена од шпанската полиција заедно со одделот за наркотици на Европол, пресретнала брод за кој се открило дека прво пловел од Валенсија кон Бразил, а потоа од Бразил до Азурските Острови.

Откако се усидрил бродот, португалската и шпанската полиција ги уапсила членовите на екипажот. Покрај дрогата, запленето е и оружје, пари и наутички материјал. Уапсените се идентификувани како членови на меѓународна криминална група, која се занимавала со разни нелегални активности во Шпанија.

Во акцијата учествувале и полицајци од Естонија, Холандија и Португалија. 

Поврзани вести

Седум починати и 293 нови пациенти заразени од Ковид-19 во Турција

Нападот во Париз го извеле исламски терористи

Александар Петровски

Црна Гора: Нема случај на заразени со коронавирус, апсење на сите што шират лажни вести

Никола Поповски

Ублажување на мерките: Германија отвора дел од продавниците, училиштата ќе работат од 4 мај

Трета грозоморна порака во Хрватска упатена кон Србите: „Ова се случува поради пописот“

Ѓукановиќ го потпиша законот за вероисповед