Вести СВЕТ

Европска земја нуди бесплатно тестирање на сите туристи до крајот на јуни

Исланд, како популарна туристичка дестинација, планира на сите странски туристи да им понуди бесплатно тестирање на коронавирус во текот на последните две недели во јуни.

Исландската влада неодамна објавила дека патниците во Исланд од 15 јуни по влегувањето во земјата ќе треба да изберат дали да бидат тестирани или да одат во 14-дневен карантин.

Во меѓувреме, официјалните лица изјавиле дека тестот ќе биде бесплатен во наредните две недели, по што ќе се наплатува 113 долари. Децата нема да мора да бидат тестирани.

Исланд првично ќе може да тестира 500 туристи на ден, но се очекува таа бројка да се зголеми на 4.000 тестови на ден за неколку недели.

Досега се пријавени над 1.800 инфекции со коронавирус во земјата, 10 лица починале како резултат на оваа болест, а во моментот активни се само уште три случаи.

„Ние сакаме да го зачуваме напредокот што го постигнавме дури и кога туристите ќе започнат да доаѓаат кај нас“, изјавил главниот епидемиолог на Исланд, Торолфур Гуднасон.

Исланд ќе дозволи пристигнувања од ЕУ, Велика Британија, ЕФТА и Европската економска зона (ЕЕА) од 15 јуни.

Поврзани вести

ЕУ: Иран мора да се придржува до нуклеарниот договор од 2015 година

Влатко Зорба

Помпео: Стејт департментот ќе стори се за да утврди дали имало закани за дипломатскиот персонал

Почнува месецот Рамазан: Како пандемијата ќе влијае врз престојниот празник?

Доаѓа невреме и голем температурен шок на Балканот

Никола Поповски

Акционерите на „Ер Италија“ се согласија да започнат процес за ликвидација на компанијата

Шпанија ќе го бојкотира самитот ЕУ-Западен Балкан поради Косово?

Никола Поповски