СВЕТ

Европската комисија денеска соопшти дека неприфатливо е насилството како одговор на протестите во Хонг Конг

Европската комисија денеска соопшти дека неприфатливо е насилството како одговор на ескалираните антивладини протести во Хонг Конг и властите ги повика да делуваат „строго сразмерно“.

-Видовме извештаи дека полицијата апси медицински персонал додека се обидува да пружи помош на повредените, што е извор за длабока загриженост, изјави на брифинг портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Маја Коцијанчич, пренесена од британските медиуми.

Според неа, секое насилство е неприфатливо и било каква акција на органите за спроведување на редот мора да остане строго сразмерна на однесувањето на демонстрантите, но мора да се почитуваат и темелните слободи, вклучувајќи го и посебното право на мирно собирање и изразување.

Коцијанчич изјави дека ЕК ги повика сите страни да се воздржат и вклучат во напорите за смирување на ситуацијата.

Поврзани вести

Заразени 11.2252 италијански здравствени работници: Починати 80 лекари

Во светот расте бројот на заразени и починати од коронавирус

Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск: Ќе мора да донесеме важни одлуки за користењето на природните ресурси

Кинеските здравствени власти шести ден по ред не пријавиле нов смртен случај од Ковид-19

Лавров: Европските земји не размислуваат за отворање граници за Русите

Stefanija Kuzmanovska

Австрија: Од крвна плазма на излечени пациенти ќе направат лек против коронавирус