Вести СВЕТ

Фаучи: САД може да се вратат „на нешто налик на нормалноста“ во 2022 година

Водечкиот американски имунолог и директор на Националниот институт за алергиски и инфективни болести, Ентони Фаучи, изјавил денес дека САД можат да се вратат „на нешто налик на нормалноста“ дури во 2022 година.

Говорејќи на панел за пандемијата Ковид-19 на Универзитетот во Мелбурн, Фаучи изјавил дека дури и вакцината да биде регистрирана во САД во следните неколку месеци, поголемиот дел од популацијата нема да ја прими до крајот на следната година.

„Ние не сме во добра ситуација“, рекол Фаучи, додавајќи дека во Америка дневно во просек се заразуваат околу 70.000 луѓе.

Фаучи ги пофали Австралијците за фактот дека практично сите носат маски, додавајќи дека би било многу добро ако Американците го прифатат тој менталитет.

Поврзани вести

Пресврт во Франција по скоро 4 месеци: Се поголем број пациенти на интензивна нега

Влатко Зорба

Трамп: До крајот на пандемијата 70.000 смртни случаи

Stefanija Kuzmanovska

Песков: Захарова се извини, Србите се братски народ

Влатко Зорба

САД планираат да ја повлечат армијата од Германија

На лицитација ќе се продава лиценцата за летање и работа на „Адриа Ервејз“

Чешката полицијата објави фотографија од убиецот во болницата во Острава