ЕУ СВЕТ

Фон дер Лајен: Велика Британија мора да направи големи отстапки за да добие најквалитетен пристап до пазарот на ЕУ

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ја предупреди Велика Британија дека нема да добие „најквалитетен пристап“ до пазарот на Европската унија по Брегзит, доколку претходно не направи големи отстапки.
Пред средбата со премиерот Борис Џонсон во Лондон таа кажа дека преговорите за новиот трговски договор меѓу Велика Британија и ЕУ беа тешки.
Таа додаде дека рокот што британскиот премиер Борис Џонсон го постави во преговорите, крајот на 2020 година, го прави „речиси невозможно“ постигнувањето нов сеопфатен и навремен договор.
Британците треба да ја напуштат ЕУ на 31 јануари 2020 година, кога почнува „преодниот период“, предвиден  за да се избегне драстичниот прекин на врските, во текот на кој Велика Британија и ЕУ треба преку преговори да го утврдат својот иден однос.
Џонсон кажа дека Велика Британија сака договор за слободна трговија, но не сака да се приддржува до правилата и стандардите на ЕУ. Велика Британија сака да се ослободи од прописите на ЕУ, за да може да потпише нови трговски договори ширум светот.

Поврзани вести

Прво интервју на Навални после труењето: Рацете ми се тресат, морам многу да вежбам

Никола Поповски

Најмалку 11 лица загинаа, а петмина се сметаат за исчезнати во бурата „Глорија“ во Шпанија

Руски експерт открива дали вакцината „Спутник 5“ содржи компоненти за чипување на луѓето

Никола Поповски

Бројот на заразени со коронавирусот во светот се доближи до два милиони, со речиси 120.000 починати

Бајден: Ким и С. Кореја имаат поопасни ракети поради Трамп

Никола Поповски

Бразил може да се соочи со колапс на својата економија, недостиг на храна и социјален распад