Регион СВЕТ

Фон Крамон: Меѓусебно признавање на Белград и Приштина до крајот на годината

Известувачот за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, очекува дијалогот меѓу Белград и Приштина да биде завршен наесен.

Таа додаде дека очекува успешен исход на процесот до крајот на годината, кој го гледа како меѓусебно признавање. Таа на Твитер напиша дека е оптимист во врска со дијалогот меѓу двете страни, а во видео порака изјави дека следниот, а во исто време и најважниот чекор во дијалогот е конференцијата во Париз, организирана од францускиот претседател Емануел Макрон.

– После тоа, очекувањата ќе бидат дека конечно, се надеваме, ќе видиме договор за взаемно признавање за време на есента. Ова е она на што навистина треба да инсистираме и да работиме од обете страни, за да се постигне овој успешен исход до крајот на оваа година – изјави Крамон.

Таа на Твитер посочи дека специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, се сретнал со претставници на обете страни, премиерот на привремените институции на Приштина Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ минатата недела во Брисел.

– Со ЕУ „на возачкото седиште“, наскоро ќе можеме да напредуваме. Следната фаза ќе биде, се надеваме, конференција во Париз – напиша Крамон на Твитер.

Поврзани вести

Рускиот премиер позитивен на коронавирусот (ВИДЕО)

Јоксимовиќ не очекува одлуката на ЕС за С.Македонија да го попречи европскиот пат на Србија

Влатко Зорба

Со 461 гласови „за“ изгласан новиот состав на Европската комисија

Мемоарите на Болтон: Откриен ставот на Трамп за Путин и зошто двајцата никогаш не ги оставиле сами во просторија

Оксфорд: Мајмуните кои ја добиле вакцината за Ковид-19 развиле антитела за 14 денови

Маж се разнесе со експлозив пред американската амбасада во Тунис (видео)