Вести СВЕТ

Француски „Оранж“ е прогласен за виновен за неколку самоубиства на работници

Француската компанија за интернет и телекомуникации „Оранж” е прогласена за виновна поради неколку самоубиства на работници што се случија додека фирмата поминуваше низ процесот на приватизација.

Парискиот суд го казни „Оранж со 75.000 евра, а поранешниот директор Дидие Ломбар е осуден на четири месеци затвор и 15.000 евра парична казна.

Останатите директори исто така се осудени на затвор и по илјада евра парична казна.

Одлуката за тоа дали компанијата ќе треба да плати отштета од два милиона евра се уште се чека.

Обвинителите наведоа најмалку 18 самоубиства и 13 обиди за самоубиство во периодот од април 2008 до јуни 2010 година.

„Оранж” сè уште е доминантна француска телефонска компанија и работи во 26 земји низ Европа, Блискиот исток и Африка.

Поврзани вести

Црн ден за Франција: За 24 часа регистрирани 1.438 смртни случаи

Коронавирус: Каква е состојбата во светот до 19 часот?

Никола Поповски

Состојбата на полотот не е позната: Двомоторен авион 414 се урна врз куќа

user4

Блокиран имотот и сметките на Навални

Никола Поповски

Судар на два воза во Бангладеш, најмалку 15 загинати и 100 повредени (ВИДЕО)

Курц: Коронавирусот покажа колку сме зависни едни од други!

Влатко Зорба