СВЕТ

Франција: На згради се појавија карикатури од Мухамед на „Шарли Ебдо“ (ВИДЕО)

Минатата недела Франција беше згрозена од бруталната ликвидација на наставникот по историја Самуел Пати, кој беше обезглавен, снимен и објавен на социјалните мрежи од еден тинејџер од Чеченија во предградијата на Париз, заради карикатурите на пророкот Мухамед што Пати им ги покажа на своите ученици.

Како дел од оддавањето чест на Пати, вчера на зградите на владите во некои француски градови беа проектирани карикатури на Мухамед од сатиричниот весник „Шарли Ебдо“, светски познат по исламистичкиот масакр во јануари 2015 година, кога браќата Шариф и Саид Кучи упаднаа во редакцијата и убија 12 лица.

Карикатурите на Мухамед беа изложени во градското собрание во Монпелје и Тулуз, а Пати доби спомен-обележје на чие откривање беше претседателот Емануел Макрон во Париз.

Францускиот претседател го опиша Пати како „тивок херој кој ги отелотворува вредностите на Француската Република“. Тој постхумно му додели „Легија на честа“, највисоко француско цивилно одликување.

Таткото на 13-годишна студентка повика на мобилизација против Пати заради прикажувањето на карикатурите на Мухамед од страна на Пати и побара да биде отпуштен од училиште. Тој ги објави името и презимето на Пати и адресата на училиштето каде што работеше на социјалните мрежи, само неколку дена пред нападот.

На мобилниот телефон на убиецот, 18-годишниот Абулах Анзоров, кој беше убиен од полицијата, беа пронајдени фотографија од Пати и порака во која тој го признава убиството. Сведоците изјавија дека убиецот бил виден во училиштето во петокот, при што тој ги испрашувал учениците каде може да го најде Пати.

Вкупно 11 лица беа уапсени за убиство на професорот по историја, вклучувајќи исламски проповедник и татко на студент кој се пожалил за прикажувањето на карикатурите со Мухамед на социјалните мрежи.

Поврзани вести

Функционер близок до шпанскиот премиер заразен со коронавирус

Терористот Фејзулаи го подготвувал станот во Виена за судир со полицијата

Никола Поповски

Оксфордската вакцина 70 проценти ефективна

Берта Китинска

Гувернерот на сојузната држава Њујорк ја продолжи до 13 јуни наредбата за ограничување на движењето

Голем број жители на Чикаго на 1 јануари чекаа во ред за да купат марихуана

Maja_Serafimova

Сенатот го ослободи Трамп од обвиненијата

Никола Поповски