Вести СВЕТ

Гардијан: Како држава со 95 милиони жители има само 35 починати од Ковид-19?

„Вечерта на 7 март, добив мејл од управителот на канцелариската зграда каде што работам во Ханој. Во него се вели дека таткото на Нгујен Хонг Нунг, 17-тиот пациент со Ковид-19 во земјата и прв во градот, вечерал на третиот кат од зградата. Иако двапати бил негативен на тестот за коронавирус, управителот на зградата го пријавил неговото пристигнување до властите. Седум членови на персоналот кои стапиле во контакт со него биле испратени на самоизолација и зградата веднаш била дезинфицирана“, напиша за „Гардијан“ Тран Ле Туј, директор на Центарот за медиуми и иницијативи за развој во Ханој.

До денес, само 35 смртни случаи од Ковид-19 се пријавени во Виетнам, во кој живеат околу 95 милиони жители. Туј верува дека реакцијата на управителот на неговата деловна зграда е типична за строгата стратегија за следење контакти што земјата ги усвоила од почетокот на пандемијата.

За време на првата фаза на епидемијата, владата била во можност брзо и сеопфатно да ги прекине сите патишта на пренесување на вирусот, а секое заразено лице бил хоспитализирано, пишува Туј. Властите ги нашле сите контакти и ги испратиле во самоизолација. Војската ги ставила домовите на заразените и нивното соседство во локална блокада. Виетнам се однесувал буквалво како да е во биолошка војна.

Можеше да има експлозија на нови случаи во Виетнам

Виетнам ги имал сите предиспозиции за можна катастрофална скала на пандемијата. Прво, неговата граница со Кина која се протега на околу 1.300 километри, е поврзана со трговијата и нема високо развиена здравствена заштита. Па, зошто Виетнам, освен во следењето на контактите, бил толку успешен во борбата против ковид-19?, стои во публикацијата на британскиот весник

Важна причина е начинот на кој владата ја третирала пандемијата, односно затоа што ја деполитизирала и се однесувала кон неа, пред се како здравствена криза. Немало политичко или религиозно влијание, според кое би можело да се манипулира со податоците.

На пример, раководителот на Центарот за контрола на болести во Ханој бил уапсен под сомнение за корупција при набавка на тестови, а трговците биле казнети ако продаваат заштитни маски со превисока цена.

Друга причина е што Виетнам добро ја познава Кина; знае дека кинеските власти можат да го намалат бројот на заразени, како што било случај со епидемијата на САРС во 2003 година. Кога Вухан објавил информации за првата смртен случај на територијата Кина во јануари, Виетнам веднаш вовел гранични контроли со Кина и проверка на сите патници, кои доаѓаат од таа земја. Ова не била лесна одлука, имајќи предвид дека трговијата со Кина сочинува значителен дел од виетнамската економија.

Кога се појавија првите случаи на инфекција во Виетнам, таа земја презела мерки построги од препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

Владата, исто така, се придржувала до стратегијата за слободата на информирање за прашањата поврзани со Ковид-19. Иако виетнамските медиуми се во државна сопственост, тие биле во можност да известуваат за пандемијата прилично слободно и непристрасно. Кога член на Централниот комитет на Комунистичката партија на Виетнам се заразил со коронавирус за време на патувањето во Велика Британија и со тоа го загрозил здравјето на министерот за планирање и инвестиции, кој бил на истиот лет со него, властите објавиле каде се наоѓа, за да можат успешно да се најдат сите контакти.

„Важно е да преживееме, ќе се справиме со економијата подоцна“

Мотото на првата фаза било: важно е да се преживее, ќе се справиме со економијата и богатството подоцна, вели Туј, додавајќи дека целата ситуација не била лесна и дека обичните граѓани ја чувствувале на своја кожа.

„Кога и да порачам на „Grabcar“ (азиска верзија на Uber) сега, превозот е секогаш поскап од оној на кој сум се навикнал. Возачот објаснил дека компаниите морале да продаваат поевтини автомобили за да преживеат на пазарот“, напишал Туј.

Но Виетнам, сега кога коронавирусот е ставен под контрола, го насочил фокусот кон економијата и стратегијата за вториот бран е различна од порано. Следењето контакти останува примарно и строго, но бројот на самоизолации и локални заклучувања се намалува и започнати се меѓународни летови за странски работници, како што се инженери од јужнокорејската LG, кои им се потребни за да ја одржат економијата.

Поврзани вести

Најцрн ден во Велика Британија: Во последните 24 часа починале 563 лица

Тихановскаја повикува на штрајк доколку Лукашенко не поднесе оставка

Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од 10,000 луѓе починаа во Велика Британија, загрижувачки е малиот број на излечени

Влатко Зорба

Ниту една европска земја не би го реизбрала Трамп

Stefanija Kuzmanovska

Зошто Путин гласал на референдумот без маска и ракавици? (видео)

Ердоган тврди дека одбил милијарда евра помош од ЕУ за прифаќање мигранти