Регион СВЕТ

Газета Експрес: Американските власти сметаат дека Курти лаже кога вели дека ќе ги укине таксите за Србија

Американските власти сметаат дека премиерот Албин Курти, лаже кога рече дека ќе ги укине таксите, пишува денес приштинскиот весник „Експрес“.

Пред да го преземе функцијата премиер, Курти рече дека ќе ги замени даноците за српските производи, со мерки за реципроцитет.

Вчера на средба со одделни производители тој најави дека таксите ќе бидат укинати многу брзо, со реципрочни мерки.

Подоцна, тој рече дека владата ќе формира работна група за идентификување на трговските бариери со Белград и, врз основа на нивните препораки, таа ќе определи реципрочни мерки.

Во овој контекст, весникот „Експрес“ ја цитира порака од вицепремиерот од партијата ДСК, Авдалах Хоти, дека партнерството на Приштина со САД е од витално значење и дека нема алтернатива.

„Нашето партнерство со САД е од витално значење и нема алтернатива. Нема среден пат“, напиша Хоти на својот Фејсбук профил, што порталот го сфати како предупредување за Курти.

Поврзани вести

Шпанија ќе добие нова влада меѓу 2 и 5 јануари

Ѓилас: Фрлањето солзавец е доказ на што е подготвен режимот, верувам дека протестите ќе продолжат

Влатко Зорба

Австриската агенција АПА нападната од хакери

Никола Поповски

Во Франција ќе бидат вратени единаесет џихадисти

Георгиева: ММФ проценува дека кинеската економија во краток рок ќе закрепне

Сирија: За девет години војна – над 380.000 жртви