Вести СВЕТ

Георгиева: Пандемијата ќе предизвика глобална рецесија во 2020 година

Пандемијата на коронавирус ќе предизвика глобална рецесија во 2020 година  која може да биде полоша од онаа што беше видена во текот на финансиската криза во 2008-2009 година, но светското економско производство треба да заздрави во 2021 година, соопшти денеска Меѓународниот монетарен фонд.

Извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева ги поздрави вонредните фискални мерки што веќе ги презедоа многу земји за засилување на здравствените системи и заштитата на погодените компании и работници, како и чекорите на централните банки за олеснување на монетарната политика, пренсоа британските медиуми.

-Ќе биде потребно уште повеќе напор, посебно на фискален план, истакна Георгиева.

Таа појасни дека ММФ значително ќе го засили итното финансирање, напоменувајќи дека 80 земји  веќе побарале помош од фондот.

Поврзани вести

Истражување на ефектите од загадувањето: Загадениот воздух го скратува животот за 3 години

Бугарија двојно ги зголемува субвенциите за Фолксваген

Maja_Serafimova

Макрон ќе се сретне со Трамп пред самитот на НАТО

Доктор Фаучи и други високи официјални лица во карантин откако биле изложени на Ковид-19

Лејен со извинување до Италија: Никој не беше подготвен за ова!

Stefanija Kuzmanovska

Бразил: Починаа три лица поради труење со пиво

Никола Поповски