Вести СВЕТ

Германија: Жртвите на свештениците ќе добијат до 50 000 евра

Католичката црква во Германија денес воспоставила нов систем за обесштетување на жртвите на сексуално злоставување од страна на свештенството, кој ќе обезбеди исплати до 50 000 евра.

Според претходниот систем, злоупотребуваните добиле околу 5.000 евра за страдањата што ги претрпеле.

Жртвите ќе можат да аплицираат за плаќање според новиот систем, почнувајќи од 1 јануари, изјавил денеска шефот на Конференцијата на германските бискупи, бискупот Герг Баецинг од Лимбург, откако членовите на конференцијата го потпишале предлогот на редовниот состанок што се одржува двапати годишно.

Католичката црква во последниве години ја тресат скандали поврзани со сексуално злоставување и прикривање во неколку земји, вклучително и Германија, пренесува АП.

Според извештајот од 2018 година нарачан од црквата, е заклучено дека свештенството во Германија злоупотребило најмалку 3.677 лица помеѓу 1946 и 2014 година.

Повеќе од половина од жртвите имале 13 години или помлади кога биле малтретирани.

Поврзани вести

Извлечени телата на пет мигранти, се трага по уште шест на Канарските острови

Баба Ванѓа пред смрт оставила важни зборови за човештвото

Раст на бројот на новозаразени во Италија

Влатко Зорба

Лажните лекови може да предизвикаат паралелна пандемија

Stefanija Kuzmanovska

Вакцината против коронавирусот Кина ќе ја направи  „глобално јавно добро“

Александар Петровски

Откриени сите детали: Што потпишаа Србија и Косово во Белата куќа?

Никола Поповски