СВЕТ

Германска министерка: Апликациите за следење мора да бидат доброволни

Германскиот министер за правда, Кристин Ламбрехт, во вторникот изјави за „Deutschlandfunk“ дека следењето преку апликациите како помош за коронавирусот треба да се користи само на доброволна основа во Германија, чии граѓани се многу сомнителни за дигиталниот надзор.

„Тоа е повреда (на права) ако имам такви информации, така да можам само да се согласам со секој што ќе рече дека доколку постои такво решение, што всушност ги прекинува ланците на инфекција, тоа е можно само ако го имаат на своите мобилни телефони и го користат – тоа да го направат доброволно“, рече Ламбрехт.

Германија се надева дека во рок од неколку недели ќе стартува со апликација за телефон, за да помогне во следењето на инфекцијата од коронавирус, откако е постигнат широко распространет политички консензус дека усвојувањето ваков пристап, прво во Сингапур, може да биде ефективно, без да се наруши приватноста на граѓаните.

Поврзани вести

Регистрирано пукање на протестите во Техеран, полицијата демантира (ВИДЕО)

Никола Поповски

Во Австралија пожарникарите се обидуваат да спречат речиси 150 пожари

Maja_Serafimova

Германски експерт: Маските не не заштитуваат доволно

Во Келн, сепак, нема позитивни од коронавирус

Stefanija Kuzmanovska

Џонсон: Сите кандидати конзервативци ми ветија дека ако бидат избрани, ќе гласаат за мојот договор за брегзит

Курц и Коглер речиси постигнаа договор за формирање коалициска влада